Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Феминизам во Kаменото доба
15-Nov-2007
Сме ли ние потомци на Неандерталците, или не сме? Хм, па како сме тргнале со однесувањето во нашето микро society, би рекла дека Нендерталците никогаш и не изумреле како вид. Евентуално социјално се хибридизирале малку повеќе, ама не со Homo sapiens-от, туку со Современиот македонски човек (тука се накашлувам и пријатно ја менувам дискусијата во друг правец).

Она што ги интересира научниците е на кој начин нашите претци кои околу 500 000 BP се разделиле од еден заеднички потомок, еволуирале понатаму. Неандерталците биле умни, софистицирани, го владееле огнот и правеле практични алатки. Си ја имале Европа само за себе се додека не дошол Homo Sapiens-от на кого му текнало дури околу 45 000 год BP да се помрдне од Африка, тамам кога овие првите почнале да изумираат.


Во секој случај една интересна статија на Boston.com насловена како Stone Age feminism ни открива дека жените во неандерталското општество исто како и нивните мажи, биле вешти, ловеле животни и дека наводно тоа довело до истребување на нендерталците како вид.

Хм, ова не доведува до еден логичен заклучок:

... at least proves that homo sapiens women are smarter than homo neanderthalensis women were....sadly not the same can be said about the men... :))))


anyway Manja thanks :)
Неандерталците биле црвенокоси
29-Oct-2007
Ви препорачувам да прочитате еден текст на BBC за истражувања во кои се поместени проучувањата на ДНК од остатоците на два Неандерталц(и)а. Мада не остана покус и Ројтерс со дистрибуција на веста со сличен напис на истата тема. Според научниците откриен е важен ген т.н. MC1R, со чија помош се одредува дека сопственикот имал црвена коса. Генетиката навистина ни открива чудесии.

Ех, овие Неандерталциве. Ем биле ,,згодни", ем црвенокоси. :)

Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin