Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Вечерта кога бев на промоција и си купив еден блог
23-Nov-2007
Вчера бев на промоција на една книга. Блог-книга или книга-блог. Како милувате. Не ме покани никој посебно. Се поканив самата себе си. Да не кажам, се почестив со присуството на некои духовни ентитети, мелем за душата, виножито за очите и хармонија за сите останати сетила. Одамна не ми било така убаво.

Причината беше што една Продавница на тајни решила својот излог да го направи достапен за пошироката публика, дозволувајќи на тој начин секој да погледне во него и да си најде по едно парче од својата душа. Му благодарам на Никола Костески кој без да знае, ми го овозможи тоа задоволство. Им благодарам и на сите пријатели и блогери кои дојдоа по една маглива и ладна вечер само за да бидат дел од една промоција, прва од оваков вид во Македонија. И што ми ја направија вечерта незаборавна.

Имено, се работи за тоа што господинот Никола Костески, сопственик на издавачката куќа Ѓурѓа, посоветуван од своите помлади помошници, решил пред повеќе од една година да си отвори блог на кои ќе ги презентира своите книги. Така оваа интернет продавница од ден на ден ги издаваше своите тајни на читателите гладни за убавиот збор. Морам да бидам искрена и да кажам дека не многу често го посетував овој блог, но одвреме навреме ќе навратев тамам да не подзаборавам на тоа дека, оти многу сакам математички операции, се запишав на Филозофски. :)))

Самата промоција започна со читање на некои постови од страна на глумецот Славко Нинов. Интересно звучи она кое е напишано на интеренет или искоментирано од некој блогер, да се чуе преточено во перформансот на некој актер. Потоа настапи официјалниот промотер на книгата ,,Машко писмо" - Ивица Боцевски, сегашан потпарол на Владата на Р. Македонија, и активен блогер пред да ја превземе оваа функција. Господинот Боцевски најљубезно се извини за своето ситно доцнење од скоро еден час, тамам да ни го долови духот на Владата за која работи моментално. Во позадина домаќините Ѓурѓа и или-Или се потрудија пак да ни угодат со пријатна џез музика, мезе и пијалок.


Зорив, Виолетова, Волан, Ивица Боцевски, Кукбук, Оксиморон, Плачка, Глимпс, Силентлуфт, Комуникации, Баждарџијата, Страјкинг Бјути, Хула Хопа, Милозвучна солза, Ѕверот, Џам, Кими, Леонова,  Продавница на тајни, Гершанина, Мина, Лимонче, Кликер, Намерникот, Вуду ...

Всушност, МАШКО ПИСМО е збирка од дваесетина  текстови објавени на блогот ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ, проследени со избор од коментарите што читателите, вообичаено, ги оставаат под текстот. Имавме можност да го купиме овој блог по промотивна цена со инвентивен авторски потпис, посебно посветен на секој од нас блог-пријателите. Inbetween можеа да се видат многу личност меѓу кои и мојот колега Паско Кузман кој верувале или не чинам дека има издадено 2 (или 3) стихозбирки токму во издание на Ѓурѓа.

Е потоа започна блогерската фешта која треше до доцна во ноќта. Ако на некој му е криво што не дошол да не дружи, така му треба. Јас и во претходниот пост кога ја најавив промоцијата, реков дека ќе има неофицијална-блог журка за чија дестинација ќе се дознае на самиот настан. И така бидна. А она што се случуваше потоа, веројатно ни Рембо не би можел да го долови со зборови. :)))

Сетоа ова ме наведе уште еднаш да размислам општо за блогирањето, блогот, интернетот како простор каде секој може да преслика дел од себе, блого-пријателите ... Не знам дали е блогот последната агора на светот, но за мене блогирањето е исполување на креативноста во својата изворна форма преку сега веќе достапните мултимедијални интерактивни облици. За мене блогот е процес кој трае. Или да транскрибирам една своја песна во блогерски жаргон -

Во прегратките на блогот некој бара закрила, а некој сочувство. Зошто блогот е моќ. Тој е како оштрица. Менува бои и имиња, некому служи за љубов, некому за одбрана ;) На блогот зборовите сечат, режат, прережуват, како срча набодуваат. Како тап агол болат...Кршени, прекршувани, повторно составувани. За да ослободуваат и да даруваат емотивна дијагноза која во обата случаја е блиску до совршенството.

Никогаш не зажалив зошто почнав да блогирам. Напротив, ми се проширија видиците, ми се зголемија пријателите, ама ми се зголемија и апетитите. На крај си реков - зошто пак да не Археолошки дневник во печатена верзија?
објавено од milozvucna_solza во 03:21 PM | во: Книги и литература
Permalink | испрати по е-маил | Коментари(20)

Додади коментар

Коментари:

Коментар без наслов

прекрасно кажано, Арвена, навистина убаво си поминавме
поздрав :)
Објавено од виолетова во 05:03 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

Ubavo
si pominavme

Ne spomna za zurkata

ok.koj bese - si znae

voodoo
Објавено од Anonymous во 05:09 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Виолетова,

за убaви настани, убави зборови. Чинам дека некој спомна да се повтори набрзо собирањето. Па јас ја чекам иницијативата. Не само идејата. :)
Објавено од milozvucna во 05:16 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Voodoo,

журката беше пропратен вечерен off line блог феномен. :) Токму така. Кој дојде, знае за што зборуваме.

Поздрав до тебе
Објавено од milozvucna во 05:21 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

ustvari sega vidov,si spomnala za festata,
ne vidov preeska

voodoo
Објавено од Anonymous во 05:25 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

Супер си поминавме. Уште еден поздрав до сите, посебно до Никола, се гледаме наскоро :)
Објавено од Anonymous во 06:44 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

Заборавив да се потпишам погоре..
seelenluft
Објавено од Anonymous во 06:46 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

Поздрав до сите кои беа присутни ...
Објавено од волан во 06:58 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Seelenluft,

ете, имам посебна чест да те познавам лично. А згора на тоа, поласкана сум со твоето присуство на мојот блог. Се надевам дека ќе се видиме наскоро.:)

Поздрав до тебе
Објавено од milozvucna во 07:28 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Волане,

без тебе секако дека блог-промоцијата (која премина во блог-журка) немаше да биде комплетна. Заедно со Зорив и Ѕверот бевте претставници на повозрасната (не постарата) генерација. :)

Во најскоро време на сите заинтересирани ќе им ги пратам фотографиите и видео клиповите кои ги направив.

Поздрав
Објавено од milozvucna во 07:37 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
:)

Кој вели дека блогерите биле асоцијални? А? А чујам сеа такво нешто - одма линкам до постовиве!
Супер си поминавме, ќе повториме пак ;)

Објавено од оксиморон во 08:23 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

Очигледно минатата вечер ни оставила силни впечатоци штом толку се расприкажавме.Стекнав уште една пријателка во никот на Арвена. Поздрав, Кликер.
Објавено од Anonymous во 09:06 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Окси мила,

секогаш е убаво да биде човек во твое присуство. Треба да бидат љубоморни оние кои не дојдоа. :) Се надевам дека сигурно допатува до твоето Кавадарци.
Објавено од milozvucna во 09:39 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Кликер,

ти умна жено. Ти си една од ретките кои заедно со Венeра дојдовте од внатрешноста на државава само за оваа промоција. И да не дружите де. :)

Поздрав до тебе, се гледаме во некоја следна прилика.
Објавено од milozvucna во 09:40 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
промоција

Арвенче мило насмеано.супер беше во секој смисол.
се надевам повторно вака ќе ни се сложат коцките!
поздрав.
Објавено од Anonymous во 11:40 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
промоција

Арвенче мило насмеано.супер беше во секој смисол.
се надевам повторно вака ќе ни се сложат коцките!
Објавено од cOOOkbOOOk во 11:41 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Re:

Куки,

што не си кажала порано, па јас сум мајстор за сложување коцкици, а посебно за евоцирање спомени. Од едно лето, сега далечно.

I already miss you :)
Објавено од milozvucna во 11:53 PM, 23-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

ај мис ју ту.
Него да не беше ти тоа лето паклено ке беше за некого.....
Објавено од Куки во 12:47 AM, 25-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

трет коментар
Објавено од кими во 01:41 PM, 27-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Извинување

Кими,

извинување до тебе, а и до сите оние читатели кои во изминатиот период од два месеца сакале да остават коментар на мојот блог, а имале проблеми со логирање, губење на коментарот и слично.

Навистина не знаев, додека не почнаа да ми стигнуваат поплаки од сите страни.

Платформата има некои проблеми кои доколку не бидат набрзо решени, ќе ме принудат да го преселам својот блог на друг блогерај или евентуално на сопствен домејн.
Објавено од milozvucna во 01:02 PM, 29-Nov-2007 | Линк | |
---------------------------------------


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin