Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Национализам во Археологијата - ДА или НЕ
24-Mar-2007

Национализмот е еден од совршените калапи со кој може археологијата да се обликува во современа научна дисциплина. Тој е најлесниот начин од далечното минато да се создадат историски и национални идентитети, како што е случај со поголемиот дел од XX век, а се интензивира во последните 20-ина години. Бидејќи до сега на кратко се осврнав на оваа категорија во Нацистичка археологија и во Архологија на идентитетот, во некој од следните постови подетално ќе го обработам ова прашање. Дотогаш ви предлагам самите да го побарате точниот одговор на насловот на една виртуелна монографија која според вас би гласел:

,,Македонските цивилизации во праисторијата"

или

,,Цивилизациите во македонската праисторија".

Во навидум две едноставни реченици постои голема филозофија. А богами и политика. Во зависност од вашиот ракурс, самите ќе се дефинирате за или против ,,Национализам во Археологијата".
објавено од milozvucna_solza во 11:55 AM | во: Археологија
Permalink | испрати по е-маил | Коментари(1)

Додади коментар

Коментари:

Коментар без наслов

Пријателке,
Секогаш политиката се обидувала да се меша во науката. Токму политиката е таа која се обидува да ја наведе водата на погрешната воденица. Историските митови секогаш се во функција на дневната политика.

Поготово во општества обременети со дневно политиканство, на се што се обидува да го носи предзнакот научно му се става етикета.

поздрав.
Објавено од кибицер во 10:55 AM, 25-Mar-2007 | Линк | |
---------------------------------------


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin