Што е Тотална станица (2)
23-Jan-2007
Тотална станица е најкомплексниот од сите геодетски инструменти. Тоа е комбинација на дигитален теодолит и мерач на далечина (Electronic Measuring Device). Со оваа комбинација се мераат хоризонталните и вертикалните агли, падот на теренот како и хоризонталната и вертикалната оддалеченост. Тоталната станица има вграден калкулатор кој ги врши тригонометриските операции како и електронски нотес во кој се чуват податоци до складирање во компјутерот.
EDM (electronic distance measuring) е справа која е инкорпорирана во Т. С. и праќа светлосни бранови. EDM го мери времето кое е потребно овие бранови да стигнат до призмата, да се одбијат од неа и да се вратат во инструментот. Оваа мерка се бележи како оддалеченост, но е всушност мерење на времето.
EDM е единица марка за која се врзуват сите позиции (т.е. точки ) на: конфигурацијата, отварањето на јунити, затварањето на јунити, точки за Ц-наоди, и точки за флотација.
Составни делови
Секоја Тотална станица независно од кое производство е, има свои составни делови. Троножец; висок за центрирање на станицата; оптички/ласерски инструмент; глава; призма и стап. Од призмата се одбива светлоста чија брзина го мери EDM. (се мести на принцип на поставување на нивелеирот со копчиња наменети за тоа). Призмата се монтира на врвот на пикетот. Колку е призмата пониска мерењето е попрецизно. Со поместување на призмата се менува и сетирањето на станицата.
Мерните податоци можат да бидат меморирани во внатрешната меморија и пратени со сериски кабел.
Сето ова подоцна изискува потребата за изработка на посебни апликации за прикажување и поврзување на сите овие податоци на едно место во вид на дигитална презентација на истражувањето, т.е. создавање на софтверскиот програм кој ќе обедини се на едно место.
Ова е дел од презентацијата ,,Дигитална теренска документација" со кој настапивме на 19 Симпозиум на Археолозите на Македонија.
В. Димитровска и Е. Канзурова-Стојанова
текстот е под копирајт
објавено од milozvucna_solza во 09:44 AM | во:
Тотална станица
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(5)
Permalink | испрати по е-маил |




















Додади коментар
Коментари:
Овие инструменти се познати на сите градежници и се користат бајаги време ...
Од другата страна има други летви кои служат за обележување на прецизно мерење ...
Што мислиш како се правеле порано топографски карти ... и ден денеска служат за да обележет изохипсите на теренот ...
Цела МК да речеме има топографски карти ... и тоа доста прецизни ...
Овие топографски карти губат значение со појава на сателитите ... сега се прават сателитски анимации на било кој дел од земјината топка (големиот брат -гледа,слуша и знае се...) ... на изохипсите ... има нели одлични карти ... некои се сега и бесплатни ... гогле ерт ... но најново има “три д“ карти од местата каде ин лајф може да се шеташ со погледот лево десно ...како на пример снимка од стан и ти со курсорот се вртиш во круг и го гледаш станот од сите агли ...
Техника и технологија одат незапирливо во служба на човечкиот ум ... толку се добри снимките што се прави видео конференција од сателит ... се сечаваш на неколку филма каде америте следат акции на свои специјални единици - кои пред да одат во акција подпишуваат дека не припаѓаат на ниедна америчка единица ...
---------------------------------------
(шубаво си копам по блогот на археологот со лопатче-курсор...еј се заиграв...хахах)
---------------------------------------
Од друга страна, технологијата толку многу напредува, што она за кое зборуваш ти (3д карти или снимки) баш пред некое време можеше да се прочита на блогот на Panta Rei.
Кај нас Т. С. се уште не дошла, а во светот верувај после некое време може да застари толку многу, што расчекорот на македонската археологија кој и онака е огромен, дури тогаш ќе биде непремостлив.
---------------------------------------
Инаку онака го ставив курсорот како лопатче, чисто асоцијативно да кореспондира со блогот, и баш ме интересираше реакцијата :).
За таа опција му благодарам на еден колега :) (по блогерство де)
---------------------------------------
---------------------------------------