Вовед во Серијалот за Тотална станица (1)
22-Jan-2007
На 29-авг-2006 напишав
Е па како ми е на Винча..Хм.. Копаш по features и по unites кои ти се некакви логички целини во склоп на локалитетот. Точките кои се викаат EDM (electronic device measuerement) ѓи наоѓаш со помош на тотална станица. Со нив можеш да измериш 3D конфигурација на теренот, да правиш отварање и затварање на тие исти features и unites. Да лоцираш Ц наоди, т.е. артефакти од посебно значење и да зимаш точки за флотација. Тоа што го работиш, го пишуваш на посебен лист на кој треба да стои твој коментар и број на фотографија. Потоа и тоа оди на компјутер. Нема скици и цртежи и слична папирологија туку постои ортофотографија како пропратен елемент на ископувањето. Значи сума сумарум комплетна дигитална археологија.
Со овој текст го отварам Серијалот на постови кои ќе следи, а кој е наменет за употребата на Тоталната станица во областа на археологијата, како и проблемите со кои се соочува македонската археологија при примената на истата.
објавено од milozvucna_solza во 08:20 AM | во:
Тотална станица
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(6)
Permalink | испрати по е-маил |




















Додади коментар
Коментари:
поздрав Марјан
---------------------------------------
Јас би рекла дека со македонската археологија во моментов повеќе постои проблем, отколку олеснувачки ефект со примената на IT дисциплините.
Зошто ова за кое пишувам, се пред се мои лични искуства и предноста која ја имааат нашите колеги во светот, за разлика од кај нас, каде се уште не почнало да се употребува ништо друго освен обичен компјутер.
---------------------------------------
Вака.
Мислам дека иако имаме различни професии и сфери на делување,мислам дека не врзува истиот проблем споменат погоре во постот.
Јас како поединка инволвирана во проблемот со недостатот од технологиска достапност во државата, мислам дека на своја рака УСПЕШНО се снаогам со дел од модерните средства.Секако во рамките на дозволениот ми лимит.
Секако дека те поддржувам во оваа проблематика за која ти безпрекорно и упорно пишуваш(баш интересно),и се надевам дека надлежните во државата ни ке имаат слух за овој проблем (мислам на модернизација на археологијата),бидејки тоа ни е национален ресурс кој од бизнис гледна точка би можело да ни донеси и те каков профит (полнење на буџетот од странски посетители) и развивање на вистината за колоритот на цивилизации кои од древно време биле на оваа земја.
.
голем поздрав уште еднаш
секако дека ке продолжам да те следам со задоволство и ке пробам да те пратам (во мои можности) за да помогнам
Марјан
---------------------------------------
www.psiholog1.blogspot.com
---------------------------------------
Но, сепак одлицна тема за пишуванје и презентиранје на благодетите кој ги носи дигиталната технологија.
---------------------------------------
Ќе се обидам на сите да ви одговорам
@ Психологот
Досега никој од професорите на Катедрата по археологија официјално не ме поканил да држам предавања. Од блогот слободно можат да учат и да го користат тоа, бидејќи
прво - ова е само еден мал % од она кое го знам
второ - текстовите се под лиценца (нека си ја прочитаат), така да нема што тука да се коментира понатаму.
@ Александар
тоа што го кажуваш е точно. Најголемата трагика е што ги наброи земјите кои имаат доста јаки и специфични школи по археологија, од кои ниту една не се применува кај нас. Можеш ли да замислиш како изгледа тоа надвор од Македонија кога ќе ме прашаат:,, а по која школа сте учеле"?. Што да им кажам - по екс југословенска? Брука жива.
Инаку употреби еден термин кои ми се допадна - "благодетите кој ги носи дигиталната технологија". Точно е тоа дека дел од таа технологија е скап, но не премногу. Мислам дека е поскапо инвестирањето во човечкиот фактор кој ќе работи со неа.
За „Марково крувче-Црнче“, кој велиш дека е првиот локалитет во 3Д форма/карта, знам дека беше ископуван во соработка со американска екипа, но јас тогаш не бев во Македонија. Резултатите не беа прикажани на изминатиот симпозиум на археолозите во Делчево, и јас ќе те замолам да посочиш каде тоа може таа интерактивна карта да се погледне на интернет? И дали може, секако? :)
p.s. за дигитализација на културното наследство ќе се обидам да зборувам понатаму во некој иден пост
---------------------------------------