Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја
25-Nov-2006
Ако Босанците ја бараат Пирамида, тогаш каде се Херцеговците? Одговорот на моето прашање од предходниот пост го дава блогерката Stultitia.

Мислам дека Босна и Херцеговина со својот ,,недостаток на идентитет" конечно го допре дното на квази-археологијата. Подолго време оваа ,,Федерација" е погодно тло за препукување на квази стручњаци кои и нанесуваат огромна научна штета (за сметка на популаризација на државата). За жал, она кое го работат тие наидува на одобрение од страна на Босанската влада.

На почетокот од 80-те години од 20 век археологијата и палеонтологијата (која рака на срце навистина ја има во огромни количини) во САД беа во огромна криза. Ако филмовите за Indiana Jones и Jurassic Park му беа специјално нарачани на Steven Spielberg од американската влада за популаризација на истите, тогаш не личи ли целава оваа работа со Пирамидите и Троја као перење на совеста на западната цивилизација за она кое во 90-те години и го направија на Федерацијата Босна и Херцеговина?
објавено од milozvucna_solza во 01:07 AM | во: Археологија
Permalink | испрати по е-маил | Коментари(1)

Додади коментар

Коментари:

Коментар без наслов

Немој да ми го ‘рчкаш Спилберг. Спилберг никогаш не бил „ангажиран“ режисер. А и омилен ми е. Додуша Терминал му беше утка ама добро:)))) Сети се само на Ајкула :)))))

А за Босанците и нивните пирамиди..... Недостаток на идентитет - ете тоа е!!!!!
Објавено од kibicer во 01:23 AM, 25-Nov-2006 | Линк | |
---------------------------------------


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin