„Оној што некогаш ја затвори бездната сега мртов се гледа и завиткан во смирна и плаштаница. Бесмртниот како смртен во гроб се полага, а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, велејќи: ’Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос Кој заспа, по три дена ќе воскресне’.“
Црковни ѕвона ѕвонат
оплакувањето Христово
го слават
во храмот со икони
свеќи за здравје палат
со молитва треба
врска со Бога
да воспоставиме
духовно да се прочистиме
избистриме освестиме
та не сме ние толку мали
та не сме ние толку ситни
додека не бараат
на картата на Балканот
нашите Амбасадори
на добра волја
од мајка родени
со љубов оплодени
не прикажуваат
не афирмираат
не именуваат
како големи
меѓу најголемите.
Овој пат си дозволив да ви посакам се надобро за престојните Велигденските празници со дел од поемата ,,Патување во себе”, за која еден блогер ја освои наградата Глигор Прличев во 2005 година. На сите православни, мои роднини, пријатели, читатели или попатни минувачи низ мојот блог, им ги честитам Велигденските празници. Нека ви е само за арно, и за многу години.
Додека Кристи ги смислувала нејзините романи, госпоѓицата Гертруда Бел која била археолог, лингвист и најдобрата жена планинар на нејзиното време, во Багдад 1921 година ги исцртала границите на земјата која подоцна стана Ирак. Најпознат од сите горенаведени локалитети на територијата на оваа денешна држава е Вавилон - град во древната Месопотамија, најмногу поради фактот што:
* бил изграден помеѓу реките Еуфрат и Тигар
* во него бил донесен Законикот на Хамураби
* бил престолнина на Бабилониа
* бил центар на Блискиот Исток по падот на Асирската империја
* бил rulled by Набукодоносор
* бил почитуван од Александар Македонски и од Селеукидите.
* бил повеќепати рушен и подигнуван
* бил ископуван од Robert Koldewey, ученикот на Heinrich Schliemann
* бил пример за т.н. империјалистички приод во археологија
* бил ,,сљуштен” од British Museum кој поседува колекција од отприлика 120 000 плочи кои споро се публикуваат
* и уште многу тоа бил… Но бил …
Осум порти се отворале кон срцето на Вавилон, заштитен со надворешен ѕид и внатрешен бедем. Осмата капија во северниот дел од градот т.н. Порта на божицата Иштар (чијашто најпрегледна реконструкција се наоѓа во Пергамонскиот Музеј во Берлин), е еден од неговите препознатливи знаци. Подигната во чест на вавилонската богинка на љубовта, била изградена околу 575 BC од кралот Набукодоносор II. Истиот оној кој ги подигнал Висечките градини на Семирамида, едно од седумте чуда на стариот свет. На видео клипот подoлу е снимката која ја направив при една посета на Музејот за ориентална култура, кој се наоѓа во Археолошкиот парк во Истанбул, заедно со уште три други музеи. На него се гледаат остатоците од оваа Порта која денеска се наоѓа распрчкана низ 15 музеја по светот.
Таа му припадна на д-р. Neil Brodie за неговите натчовечки напори како Research Director на Illicit Antiquities Research Centre при McDonald Institute for Archaeological Research (University of Cambridge) за подигнување на свесноста кај јавноста во борбата од последиците кои ги носат недозволената трговија со антиквитети и сквернавењето на древните локалитети и споменици ширум светот. Исто така награден беше и д-р. Donny George Youkhanna на кого му беше укажана чест како поранешен генерален директор на Iraq Museums за напорите кои ги вложи за да го зачува и заштити скапоценото археолошко богатство на Ирак.
По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина. На почетокот од 80-те години ирачкиот диктатор Садам Хусеин нареди локалитетот да биде реставириран и конзервиран, но археолозите и конзерваторите не го послушаа. Тоа не беше најлошото. Да биде катастрофата и разорувањето поголемо, по падот на Садам во 2003 год. полските војници го употребија како воена база. Овие две ,,несреќи” го принудија UNESCO да го симне Вавилон од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш.
За да се задоволи силогизмот на настани дека несреќата не доаѓа сама, во периодот од 10-12 април 2003 год. breaking news во светот беше дека од Националниот музеј во Ирак систематски беа украдени и уништени вредни предмети, при што се утврди дека недостасуваат околу 7000 артефакти. Оваа бројка до денес е веројатно дуплирана, а настанот се случи по повод упадот на ,,цивилизираните” USA трупи при влегувањето во Багдад.
Видео клипот на SAFE во спомен на настанот кој придонесе луѓето да бидат лишени од нешто што во минатото го носеше епитетот ,,Лулка на цивилизациите” е направен во соработка со Donny George Youkhanna, поранешен директор на Ирачкиот музеј во Багдад, кој говори за настаните од април 2003 - та година.