Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Меѓународна ревија на археолошки филмови
4-Mar-2008

Од 03 до 11 Март 2008 година во Атриумот на Народниот музеј од Белград, по деветти пат ќе се одржи Меѓународната ревија на археолошки филмови. Комплетната програма на ревијата за оваа година опфаќа вкупно 24 дела кои доаѓаат од осум европски земји.

Колку што мене ме држи помнењето, оваа Ревија само еднашка беше донесена во Македонија, во 2003 година, и тоа најмногу благодарение на Гете институтот од Белград, како и Француските културни центари и Италијанските институти за култура кои работат во Србија и Македонија.

Со оглед на актуелната економска состојба во Република Македонија која е во вечна транзиција, очигледно е дека Владата и Министерството за култура или немаат доволно средства или ,,немаат доволно интерес” повторно да донесат во државава научно-образовни содржини кои се од едукативен карактер и со чија помош акцентот ќе се стави како на домашното, така и на светското културно наследство, имајќи ја археологијата како линк која ги поврзува останатите приказни во полето на палеонтологијата, историјата, етнологијата, уметноста, туризмот, комјутерските техники и тн.

Наместо толку пари фрлени по бесмислени проекти, работилници и семинари, книжулчиња преку кои се испрале пари и лигави налицкани брошурки кои загинале по контејнерите притоа не пренесувајќи конкретна информација за било какво културно-историското наследство, една ваква ревија на филмови само би го подигнале и би го зајакнале културниот идентитет кои се трудат да ни го разнишаат на сите можни начини.

И што друго да додадам по овој повод. Правете си сами филмчиња и клипчиња и ставајте ги на youtube. Белким некогаш и некаде, некој ќе има аир од нив.

Црквата Св.Спас, Скопје - homade by Кибицер

Барака (2) - во позадината на (не)свесното
19-Jan-2008
Во овој краток видео клип каде наратор е самиот режисер Ron Fricke, дадено е објаснувањето за духовната димензија на документарниот филм Барака. Секвенците ни ја покажуваат позадината на филмот чие снимање се одвивало три години, на 24 различни локации низ светот, правејќи една невидлива конекција помеѓу Тибетантските монаси, Ортодоксните свештеници, Евреите и Дервишите кои преку навидум различните ритуали, всушност покажуваат многу сличности.

Како што веќе наведов во мојот претходен пост, ние живееме во време кога не можеме да ги контролираме нашите мисли, туку тие се делумно "насочувани" од мас-медиумите. Одвоен од природата, а сплотен во љубов со бетонската џунгла, човекот ги загубил сите невербални контакти  со неа.  На нам визуелното искуство не ни доаѓа ниту од очите, ниту од мозокот. И наместо да се сврти кон природата, кон мајката Тера, и од неа да црпи инспирација, еден дел од човечкиот мозок во борбата за превласт и доминацијаа во новиот светски поредок е со животинските вредности пропратени со надворешни стимуланси и психоделични последици кои се мотив за еден феномен на реверзибилни процеси, концепции и спиритуални искуства, во делот од свесноста каде се заборавени основните човечки вредности.



Овој документарен филм (пред се со етнолошка подлога) во која е вткаено колективното културно наследство, опишува најразлични аспекти на релацијата човек <-> природа <-> спиритуалност <-> филозофија на животот. Еден непрестајно реверзибилен и кружен циклус. Една есенцијално безвременски обликувана концепција. Еден несоборлив контекст на кружење на енергијата низ природата кој го поставува прашањето - Живееме ли сите ние со нашата Baraka? Треба да ја пронајдеме? Или самите да ја создадеме?

Филмот може да се симне тука, или евентуално преку некој торен. Музиката може да се download-ира благодарение на figmentmusic.

продолжува

Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin