Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Свеќа на Велики петок за загубеното богатство на Ирак
24-Apr-2008

Да не беше владеењето на Садам Хусеин, досега археолошките локалитети Нимруд, Нинива, Вавилон, Ериду и Ур не ќе се ,,прочуеја”. Е па не е така. Тие со или без него си ја достигнаа светската слава. Иако, секој од нив и послужи и на Агата Кристи за дејствијата во некој од нејзините романи, насловени како: Murder on the Orient Express, Death on the Nile, Appointment with Death и секако Murder in Mesopotamia.

Додека Кристи ги смислувала нејзините романи, госпоѓицата Гертруда Бел која била археолог, лингвист и најдобрата жена планинар на нејзиното време,  во Багдад 1921 година ги исцртала границите на земјата која подоцна стана Ирак. Најпознат од сите горенаведени локалитети на територијата на оваа денешна држава е Вавилон - град во древната Месопотамија, најмногу поради фактот што:

* бил изграден помеѓу реките Еуфрат и Тигар
* во него бил донесен Законикот на Хамураби
* бил престолнина на Бабилониа
* бил центар на Блискиот Исток по падот на Асирската империја
* бил rulled by Набукодоносор
* бил почитуван од Александар Македонски и од Селеукидите.
* бил повеќепати рушен и подигнуван
* бил ископуван од Robert Koldewey, ученикот на Heinrich Schliemann
* бил пример за т.н. империјалистички приод во археологија
* бил ,,сљуштен” од British Museum кој поседува колекција од отприлика 120 000 плочи кои споро се публикуваат
* и уште многу тоа бил… Но бил …

Осум порти се отворале кон срцето на Вавилон, заштитен со надворешен ѕид и внатрешен бедем. Осмата капија во северниот дел од градот т.н. Порта на божицата Иштар (чијашто најпрегледна реконструкција се наоѓа во Пергамонскиот Музеј во Берлин), е еден од неговите препознатливи знаци. Подигната во чест на вавилонската богинка на љубовта, била изградена околу 575 BC од кралот Набукодоносор II. Истиот оној кој ги подигнал Висечките градини на Семирамида, едно од седумте чуда на стариот свет. На видео клипот подoлу е снимката која ја направив при една посета на Музејот за ориентална култура, кој се наоѓа во Археолошкиот парк во Истанбул, заедно со уште три други музеи. На него се гледаат остатоците од оваа Порта која денеска се наоѓа распрчкана низ 15 музеја по светот.

На 5 Jануари 2008, на церемонијата која се одржа во организација на AIA (Archaeological Institute of America) во Чикаго, непрофитната организација посветена на зачувување на целокупното светско наследство - SAFE (Saving Antiquities for Everyone) ја додели наградата Beacon Awards за 2008.

Таа му припадна на д-р. Neil Brodie за неговите натчовечки напори како Research Director на Illicit Antiquities Research Centre при McDonald Institute for Archaeological Research (University of Cambridge) за подигнување на свесноста кај јавноста во борбата од последиците кои ги носат недозволената трговија со антиквитети и сквернавењето на древните локалитети и споменици ширум светот. Исто така награден беше и д-р. Donny George Youkhanna на кого му беше укажана чест како поранешен генерален директор на Iraq Museums за напорите кои ги вложи за да го зачува и заштити скапоценото археолошко богатство на Ирак.

По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина. На почетокот од 80-те години ирачкиот диктатор Садам Хусеин нареди локалитетот да биде реставириран и конзервиран, но археолозите и конзерваторите не го послушаа. Тоа не беше најлошото. Да биде катастрофата и разорувањето поголемо, по падот на Садам во 2003 год. полските војници го употребија како воена база. Овие две ,,несреќи” го принудија UNESCO да го симне Вавилон од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. :(

За да се задоволи силогизмот на настани дека несреќата не доаѓа сама, во периодот од 10-12 април 2003 год. breaking news во светот беше дека од Националниот музеј во Ирак систематски беа украдени и уништени вредни предмети, при што се утврди дека недостасуваат околу 7000 артефакти. Оваа бројка до денес е веројатно дуплирана, а настанот се случи по повод упадот на ,,цивилизираните” USA трупи при влегувањето во Багдад.

Видео клипот на SAFE во спомен на настанот кој придонесе луѓето да бидат лишени од нешто што во минатото го носеше епитетот ,,Лулка на цивилизациите” е направен во соработка со Donny George Youkhanna, поранешен директор на Ирачкиот музеј во Багдад, кој говори за настаните од април 2003 - та година.

А јас палам една свеќа на Велики петок. Во мојата душа се уште гори кандилце. Без ова богатство сум посиромашна и јас, а богами и ти читателе мој.


Додаток:

Датабаза на написи поврзани со уништувањето на Ирачкото богатство
Законикот на Хамураби
Babylon загубен засекогаш


comments alowed on the original post
Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина
14-Apr-2008

Прашање е колку културното богатство на една земја е сигурно. Но не од безбедносен, туку од научен аспект. Археолошката меморија исто така може да биде многу селективна. На Балканот имате безброј вакви примери, а најсвежиот се т.н. Пирамиди во Босна. Дури и по тригодишните археолошки ископувања сепак не ни го обзнанија својот специфичен лик на нам луѓето, кои се уште не знаеме какви древно-босански ентитети ги изградиле. Сепак ќе останат сведок за успешниот маркетингшки обид една земја уништена од војна, да ја постават на културната мапа на светот. Најинтерсниот момент во целата оваа лакрдија е тоа што зад овој проект не стои никој друг, туку самата Босанска влада. Иако Пирамидите во Босна не се конкретна тема на овој пост, но кога се тие во прашање, каде е овдека вистината?

Кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано (како што е случајот со Скопското Кале) ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.

Посебно симпатични за конструирање на вистината се Митовите за националниот идентитет, една од омилените друштвени игри. Поткрепена со соодветни артефакти, ова може да биде одлично поле за играње во сверата на историската археологијата, со идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки. Со многу пречки.

Турците го владееле цел Балкан со векови вклучувајќи ja и сегашната територија на Грција. Главниот град на таа империја (денешен Истанбул) моментално се наоѓа во Турција и заладувањето на односите помеѓу овие две земји доведоа до тоа да грчките археолози имаат различни приоди кон своето отоманско минато. Скоро сите се сложни во желбата да го прескокнат овој дел од својот идентитет, но затоа пак во потрагата (од секаков тип) во моментите кога се нема никаков друг изговор, добар изговор за било што се античките Македонци.

Таканаречените Diverse Approaches to the Ottoman Past, укажуваат на тоа дека Грците имаат слаба претстава за туѓите, ама многу добра претстава за својата култура, додека во науката незванично важи дека прават “hysteria over history”.

Но археологијата, науката и знаењето вклучително со сите помошни и пропратни науки, не се состојат само од штуро пласирање на информации туку и од нивна обработка во еден поширок хуманистички апект. Оној момент кога ќе се направи контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура, веројатно може да се добие верзијата која е најблиска до вистинската. А се до тогаш, посакувам публикување на сите наоди заглавени по депоата на македонските музеи со години. Кој знае каква вистина ќе конструираат тие ако воопшто некогаш ја згогледаат светлоста на денот.

Свесна сум дека секогаш ќе постои проблемот оти предност за некоја тема или теза (па макар била и погрешна) во однос на обичниот човек ќе ја има ,,научникот”, само поради фактот што има титула. Затоа ми се допаѓаат блоговите каде што секој може да напише своја гледна точка за некој настан или пак да изнесе став за одредена тема. Така повеќе извори може само да создадат одредена слика која е многу блиска до реалноста. Како што вели Венко Андоновски во неговата последна колумна ,,Семиотика на шлаканицата“, секогаш ќе важи она пост-модернистичко сваќање за стручњак кој пишува ангажирано - дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина. И постојано ќе ви ја повторувам, за случајно да не подзаборавите некој детал.

Никој нема право да го поседува минатото, ниту пак иднината. Мототo кое се протега во позадина на Археоблог сите овие години е дека ,,The history of knowledge is not given - it has to be constructed, in order to achieve a better world in the future“. Би ве поканила да го сториме тоа заедно. Со блоговите и блогосверата дадена ви е моќ и имате можност да учествувате во создавањето на дел од историјата. Затоа не чекајте, блогирајте. Што ќе биде вистина, а што реалност, ќе покаже времето. Та нели тоа беше најмудро. :)

Текстови на слична тематика:
Розетата на нашите комплекси
Манчевски: Негирањето нема ја смени вистината за Македонија


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin